ВИДЕО: Чилеанскиот претседател нападнат со камења

Од:

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ бил нападнат со камења за време на неговата прва официјална посета надвор од главниот град Сантијаго.

Бориќ, левичар со хрватско потекло, кој ја презеде функцијата во март, беше во градот Ла Серена, 400 километри северно од Сантијаго, а пред да влезе во зградата на регионалната влада, се приближи до железната ограда каде ги поздрави насобраните.

Камен бил фрлен од толпата и удрил во градите на шефот на кабинетот на Бориќ, пренесува Хина.

Чилеанскиот функционер не е повреден, извести полицијата, која исто така објави дека го уапсила демонстрантот набрзо по инцидентот и дека сега го истражуваат неговиот мотив за овој инцидент.

„ Ако некој мисли дека може да нѐ исплаши или да го промени начинот на кој сакаме да управуваме со земјата, се лаже“, рече Бориќ на прес-конференција по инцидентот.

Бориќ е најмладиот претседател во историјата на Чиле, а во првите 30 дена од неговиот мандат се соочи со зголемени цени на горивото и јавниот превоз, барање за минимална плата и претходен конфликт со домородните мапучи кои бараат автономија, враќање на земјата и признавање на културниот идентитет.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера