Илјадници студенти се судрија со полицијата во главниот град на Чиле, за време на протестите во кои студентите бараат реформи на образовниот систем. Специјалната полиција одговори со солзавец и водени топови. Ова е прв поголем протест на студентите во Чиле оваа година, кои се борат за квалитетно и бесплатно образование. Запотсетување, борбата на студентите трае уште од 2011 година.
Властите истакнуваат дека дека се уапсени 60 лица, а еден полицаец е повреден. Студентите велат дека судирите почнале откако властите ја измениле рутата на која требало да се движат демонстрантите. Владата пак порачува дека “вандалите” се виновни за насилството што изби во Сантијаго.
“Уште еднаш, групата на студенти мислат дека имаат право да создаваат хаос, да уништуваат имот, да го нарушуваат сообраќајот и да го поттикнуваат насилството во Сантијаго,” рече министерот за внатрешни работи, Андрес Чедвик. Од друга страна, портпаролот на студентскиот сојуз, ги критикуваше властите за “прекумерна употреба на сила.”
Несомнено е дека за ескалација на тензиите е виновна и полицијата во Сантијаго. Уште пред почетокот на протестите, на улиците излегоа повеќе стотици специјалци со оклопни возила, водени топови и кучиња.
Големи студентски демонстрации се одржуваат во Чиле од 2011 година. Студентите истакнуваат дека квалитетното образование е достапна само за оние кои доаѓаат од средната и горната класа и бараат истото да биде достапно за сите.