ВИДЕО: Четиригодишно дете по 19 часа извлечено живо од под урната зграда

Од:

Спасувачите во индискиот град Махад извлекоа живо четиригодишно момче од урнатините на петкатна зграда која се срушила поради невреме.

Голем број луѓе останале затрупани под урнатините, а тимовите спасувачи цел еден ден се обидувале да стигнат до преживеаните.

На тимовите за спасување им се приклучиле жителите на местото, како и роднините на исчезнатите, со цел да помогнат во потрагата по преживеани. Најмалку 76 лица биле пронајдени живи, а меѓу нив е и четиригодишното момче.

Детето е извлечено прекриено во прашина, а имало само полесни повреди и не се наоѓа во животна опасност.

Сепак, мајката на детето загинала во несреќата, а нејзиното тело било откриено кратко време по извлекувањето на момчето, им изјави локален претставник на властите на новинарите.

Најмалку девет лица ги загубија своите животи во урнатата зграда, а неколкумина се уште се под урнатините и спасувачите се борат да стигнат до нив.

Локален полицаец изјави дека зградата паднала како „куќа од карти“, а според информациите кои доаѓаат од тамошните медиуми, објектот бил изграден пред шест години , а во него живееле околу 200 станари.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени