(ВИДЕО) Четири бебиња загинаа во пожар во породилиште во Баку

Од:

Во доцните ноќни часови се случи трагедија во Баку, главниот град на Азербејџан. Четири бебиња загинаа во пожар во породилиштето само неколку часа по раѓањето.

„Пронајдени се телата на четири деца кои се лекуваа во неонаталната интензивна нега во Центарот“, се вели во заедничкото соопштение на Јавното обвинителство и Министерството за здравство и медицина.

Уште три лица се хоспитализирани поради вдишување чад, но нивната состојба е стабилна.

Вкупно 26 бебиња се евакуирани од породилното одделение, јавија локалните медиуми.

Претставници на Министерството подоцна потврдија дека пожарот во Републичкиот перинатален центар на улицата Јусиф Сафарова во главниот град е изгаснат и дека пациентите и посетителите се евакуирани.

За овој инцидент е покрената истрага, бидејќи причината за пожарот засега е непозната.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар