ВИДЕО: Чеченскиот лидер Кадиров правеше склекови на руска телевизија

Од:

Низ социјалните мрежи се прошири видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руската телевизија. Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми и објавува клипови со превод за да ја приближи руската пропаганда до западната публика. „Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис кадарот.

Во телевизиското студио беше и придружбата на чеченскиот лидер, која со аплауз ги поздрави неговите склекови. Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови. Неколку недели по таа објава, тој сподели видео од неговите тројца малолетни синови како му носат „подарок“ од бојното поле, тројца затвореници.

Украинската служба за безбедност во средината на ноември распиша потерница по Кадиров, а информациите за тоа беа споделени на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи. Кадиров беше обвинет по три точки, вклучително и водење агресивна војна и извршување намерни дејствија насочени кон промена на границите на украинската територија.

Би можело да ве интересира

Кадиров: Ќе ослободам 20 украински војници доколку ги укинат санкциите за мене и моето семејство

ВИДЕО: Синот на Кадиров познат по претепувањето затвореник доби орден „Херој на Чеченија“

Пејач бил убиен од чеченските власти кои наредиле: „Да се закопа како куче“

Се огласи Кадиров: Сакаме да живееме малку, но достоинствено

ВИДЕО: Кадиров наводно има сериозни здравствени проблеми: „На работ е на смрт“

Кадиров: Делимканов е жив и здрав, не е ни ранет

Ана Ололовска