ВИДЕО: Борба со мачеви во индиски храм, поради говор

Од:

Најмалку две лица се повредени во Златниот храм во северна Индија, поради судир на две групи индиски сики, пренесе „Франс прес“.

Стотици сики се собраа денес по повод 30-годишнината од воениот напад на тој индиски храм, за да им одадат почит на жртвите од 6-ти јуни 1984 година.

-Денес требаше да имаме свечено сеќавање на мачениците од 1984 година, што е многу тажно -вели портпаролотод радикалното крило на сиките, Широмани Акали Дал, чии што следбеници биле вмешани во насилството.

borbaMecevi1

-Храмот уште еднаш е засрамен- додава портпаролот на Прем, Синг Чандумаџра.

Инцидентот се случил кога припадници на Широмани Акали Дал инсистирале да им биде овозможено тие први да одржат говор, по што двете групи се нападнале едни со други со мачеви на скалите од храмот.

Инаку во нападот во 1984 година со цел војската да ги протера вооружените сепаратисти кои барале независна држава на сиките, се убиени повеќе од 400 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати