ВИДЕО: Бездомник ја запали новогодишната елка во Менхетен

Од:

Њујоршката полиција уапси бездомник кој синоќа запали голема новогодишна елка пред деловна зграда на Менхетен, во која се сместени канцелариите на „Фокс њуз“, „Њујорк пост“ и „Волстрит журнал“.

Обезбедувањето на Фокс њуз во средата нешто по полноќ видело маж како се качува на новогодишна елка висока 15 метри пред деловна зграда на Менхетен, соопшти полицијата.

Украсеното вештачко дрво набрзо пламнало, па морале да реагираат пожарникарите кои го гаселе пожарот. Никој не е повреден.

49-годишен маж кој запалил елка се обидел да избега, но подоцна бил уапсен и обвинет за неколку кривични дела. Кај осомничениот е пронајдена запалка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер во Њујорк, се стравува дека има жртви

Горан Наумовски

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците