Мајките ширум светот отвораат профили на социјалните мрежи и ги споделуваат своите искуства со корисниците. Содржините на социјалните платформи се претежно информативни, креативни и едукативни, но откако започна пандемијата, содржините добиваат нова форма.
Ешли Морвеј е мајка на четири деца, тримесечните близнаци и уште две деца, од кои едното има 5, а другото 6 години. Нејзината приказна на социјалните мрежи е создадена многу одамна, но сега дојде до израз со видео материјал во кој таа ги извести своите следбеници дека нејзините бебиња за жал се заразени со коронавирус.
@ashhh_mf Wear a ? and GET VACC1NATED!! ##HowIBathAndBodyWorks ##baby ##covid ##preemie
Ешли беше доволно храбра да сподели со своите следбеници низ што поминала за време на борбата со Ковид 19, која ги зафати нејзините двомесечни близнаци.
На видеото јасно се гледа колку било тешко да се грижи за толку мало бебе, како и изгледот на бебето кое видно се мачело додека дишело и цицало.
@ashhh_mf Reply to @holthm day 3 of the twins having ##covid19 ##BillboardNXT ##twins ##baby ##FlauntItChallenge ##update
Луѓето скршени од глетката ѝ испратија поддршка во коментарите, а меѓу нив имаше и еден кој гласи: „Луѓе. Како може да не се вакцинирате или барем да носите маска, само поради овие мали човечки суштества? Гледајќи ја како се храни, ми се крши срцето“.
Силни симптоми го мачеле бебето три дена, но третиот ден мајката објавила видео во кое бебето е подобро. Таа во видео снимката јасно кажа дека нејзиното дете сега „полесно дише“, дека уште малку се мачи, но дека со помош на терапија бебето веќе нема температура и функционира многу подобро.