Американскиот претседател Џо Бајден се обидел да се справи со новонастанатата ситуација што настанала кога излегол од хеликоптерот, но не успеал подолго време да си ја облече јакната, а првата дама морала да му пријде на помош, е објавено на социјалните мрежи.
По неколку неуспешни обиди да си ја облече јакната, која постојано му се измолкнувала, сопругата му помогнала, но само неколку моменти подоцна се случила уште една лоша среќа и му испаднале очилата за сонце.
Клипот беше објавен на „Твитер“ со коментар: „Бајден не може ни јакна да облече. Ова е само тажно. И станува сè потажно“.
Многу луѓе го коментираа видеото како уште една негова несреќа што го прослави, но многумина го бранат велејќи да го остават на мир бидејќи неодамна имал Ковид-19.
Joe Biden can’t even put his own jacket on. This is just sad. And it keeps getting sadder. pic.twitter.com/RWxt1FTvJq
— Clay Travis (@ClayTravis) August 8, 2022