Американскиот претседател Џо Бајден учествуваше на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк.
Откако го заврши говорот, од публиката следеше аплауз, а 79-годишниот Бајден почна да излегува од бината. Но, тогаш тој одеднаш застана и погледна наоколу со збунет израз.
Потоа изгледа дека ги прашал луѓето околу него како да се симне од сцената, а потоа се обидел повторно да направи неколку чекори.
Сенаторот од Тексас, Тед Круз, сцената ја нарече страшна на Твитер, а неговиот советник за комуникација Стив Гест додаде: „Џо Бајден е целосно изгубен на сцената. Страшно и тажно“.