ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Од:

Германската полиција на Твитер објави дека неколку лица се повредени откако автомобил влетал во група луѓе во Минхен. Според Билд, повредени се 20 лица, од кои двајца се во тешка состојба. Меѓу повредените има и деца. Во главниот град на Баварија утре почнува безбедносна конференција на која доаѓаат американскиот потпретседател Џ. Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Последните информации од полицијата во Минхен велат дека возачот на автомобилот кој влета во толпата е уапсен на местото на настанот и повеќе не претставува закана.

Возач со Мини Купер удри во демонстранти. Околу 10 часот и 30 минути возачот наводно забрзал, а потоа со голема брзина влетал во демонстрантите. Денеска многу вработени во градот штрајкуваат, барајќи зголемување на платите за осум отсто, поголеми бонуси и дополнителни три слободни дена.

Полициската истрага сега треба да утврди дали со автомобил влетал во толпата намерно или се работи за несреќен случај. Според „Билд“, пред тоа имало и истрели. Голема полициска операција е во тек во близина на главната железничка станица, а полицијата се обидува да утврди што се случило, рече портпаролот, не откривајќи повеќе детали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголему бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Минхен

(ВИДЕО) Пожар во Минхен: Гори зграда, пламените јазици проголтуваат се пред себе

Горан Наумовски

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

(ВИДЕО) Хаос во Минхен: 30.000 куфери расфрлани низ аеродромот

А1он

Климатски активисти ги блокираа аеродромите во Минхен и во Берлин

Катерина Ѓуровски