Жителите на Камишли фрлаа компири на американските војници додека минуваа низ тој сириски град каде живеат повеќето Курди.
Како што пренесуваат светските агенции, војниците од таму поминувале додека се повлекувале од Сирија.
На видео снимка, што денеска ја објави курдската новинска агенција, се гледа конвој со оклопни возила како поминува низ Камишли, додека гневните жители ги гаѓаат со компири, извикувајќи на англиски јазик „Не Америка“ и „Америка е лажливец“.
Претходно беше објавено дека американски трупи влегоа од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук.
#Kurdish residents in the city of Qamishli block the path of the American forces withdrawing from northern #Syria and throw tomatoes at them following President Trump's order for the #US soldiers to retreat from the region – ANHA pic.twitter.com/PB513uC8ft
— Rudaw English (@RudawEnglish) October 21, 2019
Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.
Границата ја преминале околу 30 приколки и возила „хамер“ кои превезуваат тешка воена опрема.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во саботата дека сите војници, околу 1.000, ќе бидат префрлени во западниот дел на Ирак, со цел да ја продолжат борбата против ИД и да „помогнат во одбраната на Ирак“.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 7 октомври донесе одлука за повлекување на американските трупи од североисточна Сирија, по што почна турската офанзива во тоа подрачје.