Американскиот претседател Џо Бајден ја напушти програмата во живо пред водителката да ја одјави емисијата и да почнат рекламите.
Камерите сè уште беа вклучени кога Бајден одеднаш стана, се ракуваше со водителката Никол Валас, која му се заблагодари што и дал интервју, а потоа неспретно замина, објави Њујорк пост.
„Не одете никаде“, им рече Валас на гледачите на MSNBC додека Бајден излегуваше, одејќи директно зад неа.
Не е вообичаено гостите да ја напуштаат информативната емисија пред водителот да објави пауза во програмата, односно реклами.
Видеото од заминувањето на Бајден, очигледно несвесно дека програмата е во живо, стана вирално.
Biden got up and left lol pic.twitter.com/BkGqq81Bx7
— Marinochka🇷🇺🇷🇺🇷🇺 (@joiedevivre789) June 30, 2023
Што побогу прави Џо Бајден? Тоа е ТВ во живо, напиша поранешниот член на Републичкиот национален комитет Стив Гест на Твитер.
Медиумскиот и политички консултант Џим Фаф изјави на Твитер:
„О Боже, Џо Бајден е навистина изгубен“.