ВИДЕО: Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак

Од:

Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук, наведуваат очевидци.

На снимките се забележува како повеќе од 100 оклопни возила превезуваат војници во Ирак, повлекувајќи се од Сирија.

Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.

Границата ја преминале околу 30 приколки и возила „хамер“ кои превезуваат тешка воена опрема, додава изворот.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во саботата дека сите војници, околу 1.000, ќе бидат префрлени во западниот дел на Ирак, со цел да ја продолжат борбата против ИД и да „помогнат во одбраната на Ирак“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија