ВИДЕО: Американец до смрт ја претепал 5-годишната ќерка, телото го чувал во торба

Од:

Адам Монтгомери од Њу Хемпшир во четвртокот беше прогласен за виновен за убиство на својата ќерка (5-годишната Хармони Монтгомери), манипулација со физички докази. “Овде не се работи за победа или пораз. Станува збор за 5-годишно девојче кое беше убиено од нејзиниот татко. Не можам да замислам полошо злосторство”, изјави началникот на полицијата во Манчестер, Ален Алденберг.

“Тој е кукавица. Отсекогаш бил кукавица. Затоа и го направил тоа. изјавила мајката на девојчето, Кристал Сори, како што објави NBC News.

Хармони била пријавена за исчезната во декември 2021 година. Полицијата верува дека била убиена во декември 2019 година, иако нејзиното тело никогаш не било пронајдено. Монтгомери веќе отслужува 30-годишна затворска казна за посебен случај поврзан со оружје.

За време на судењето тој ја негираше вината и рече дека безусловно ја сака својата ќерка. Адвокатот на Монтгомери ја обвини неговата сопруга Кајла Монтгомери за смртта на девојчето. Кајла и Адам извесно време не живеат заедно, а таа беше главен сведок на обвинителството. Таа рече дека Адам Монтгомери ја претепал Хармони до смрт откако таа го извалкала семејниот автомобил.

Таа рече дека по убиството, телото на 5-годишното девојче го ставил во торба што ја криел со месеци пред да се ослободи од него во 2020 година. Наводно во неколку наврати го поместувал телото на девојчето. Извесно време го чувал во багажникот на автомобилот на пријател, во фрижидер во ходникот на станбената зграда, во прифатилиште за бездомници и во замрзнувачот во станот, пишува Дејли Мејл.

Сори последен пат ја видела Хармони во април 2019 година. После тоа, таа се обидела да стапи во контакт со Монтгомери, но тој не и одговарал. Таа пријавила дека нејзината ќерка исчезнала во 2021. Судот ќе му ја изрече казната на Монтгомери по 1 април.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил