ВИДЕО: Активистките на Гринпис што се искачија на врвот на „Шард“ остануваат во притвор

Од:

Шесте активистики на Гринпис кои демонстрирајќи, по фасадата се искачија на кулата „Шард“, највисоката зграда во Лондон и во Западна Европа, остануваат во притвор, соопшти лондонската полиција.

Овие малди жени, успеаја вчера, рано утрината, да им побегнат на бројните чувари и да почнат да се искачуваат по стаклената фасада на „Шард“ во знак на протест против нафтената компанија „Шел“ и сите другите кои трагаат по нафта, дупчејќи во реонот на Арктикот.

За да успеат во оваа тешка и опасна демонстрација, на активистиктите на Гринпис им беа потребни 16 часови. На врвот на зградата, тие го истакнаа знамето на организацијата и паролата „Заштитете го Арктикот“.

Кулата „Шард“ свечено е отворена минатото лето, пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, а за посетителите од февруари оваа година. Зградата е висока 310 метри и има 87 катови. На 68-от,69-от и на 72-от кат има уредени соби-за посматрање на прекрсаната панорама на Лондон и на неговата подалечна околина. Во текот на целиот вчерашен ден, „Шард“ беше забранета за туристички посети, во интерес на публиката која имаше купено билети и поради безбедноста на демонстрантите.

Претставник на Гринпис изјави дека оваа зграда е избрана за демонстрацијата, затоа што наликува на скршено парче лед и затоа што во е сместена централата на „Шел“. Оваа нафтена компанија ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека црпењето нафта во реонот на Арктикот „не е никаква новина“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот