(ВИДЕО) Ајкула напаѓа чамец: Осум пати се залетува кон пловилото и удира во моторот

Од:

Рибар од Флорида снимил неверојатна снимка од дрон како ајкула го напаѓа бродот на неговиот пријател на почетокот на Неделата на ајкулите.

Џош Јоргенсен, кој снима видеа за на Јутјуб, објави снимка од воздух од ајкулата која постојано и насилно го напаѓа бродот на неговиот пријател Карл Торесон во близина на брегот на Палм Бич.

На видеото се гледа рибарски брод и луѓе кои фрлаат јаже во водата кога ајкулата ненадејно ќе нападне.

„Го следев неговиот чамец со мојот дрон, а потоа одеднаш ајкулата ги нападна неговите мотори“, вели Јоргенсен на видеото.

Бродот се тресе со секој удар на моќната ајкула и на нејзините огромни вилици.

„Бродот се тресеше како вреќа со пуканки. Како да се случил земјотрес, додаде тој.

Откако се вратил на брегот, Торесон бил шокиран кога открил колкава е штетата што ајкулата ја направила на неговите мотори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ајкула нападна и уби тинејџерка, и немаше спас

А1он

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

Една од најопасните ајкули во светот е уловена во близина на Неум

Жена е тешко повредена во напад на ајкула во Сиднеј

Уште еден напад на ајкула: Жена нуркаше, а потоа се спаси од пеколот, морето за секунда стана црвено