ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Од:

Околу 37.000 извидници, учесници на Светскиот извиднички собир во Јужна Кореја, денеска се евакуирани во повеќе од 1.000 автобуси поради пристигнувањето на тајфунот Канун.

Повеќето од преостанатите извидници од 156 земји ќе бидат однесени од локацијата во југозападниот округ Буан во 128 сместувачки капацитети во осум провинции и градови, вклучувајќи го и главниот град Сеул, изјави утрово јужнокорејскиот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин.

Официјални лица претходно изјавија дека обезбедуваат простори за извидници во владините центри за обука и образовни објекти, како и во хотелите, објави Гардијан.

Ли изјави дека извидниците ќе продолжат со своите програми и во преостанатите пет дена од собирот.

Евакуацијата од кампот во областа Буан започна утринава, а првиот автобус превезувал извидници од Тајван. Вкупно 1.014 автобуси за евакуација ќе бидат придружувани од четири полициски хеликоптери и 273 полициски патролни автомобили.
Светската средба на извидници во Јужна Кореја пред ова се соочи со топлотен бран, поради што собирот веќе го напуштија делегациите на одредени земји, меѓу кои и САД и Велика Британија.

Јужнокорејската метеоролошка агенција објави дека се очекува Канун да стигне до Јужна Кореја во четврток наутро, со потенцијални ветрови до 154 километри на час, а дека тајфунот би можел да го погоди јужниот дел на земјата, вклучувајќи го и Буан, веќе утре.

Би можело да ве интересира

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

Јужнокорејските истражители не успеаја да го уапсат суспендираниот претседател

Јун Сук Јеол одби да биде уапсен, вели „ќе се бори до крај“