ВИДЕО: 15-годишно момче уби тројца и рани осуммина во пукање во училиште во САД

Од:

15-годишно момче во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген уби тројца соученици и рани уште осум лица, меѓу кои и еден професор. Двајца од ранетите биле оперирани, а шестмина се во стабилна состојба. Мотивот на напаѓачот не е познат.

Тинејџерот бил уапсен без отпор откако испукал 15 до 20 куршуми од полуавтоматски пиштол објави полицијата.

Осомничениот, за кој се верува дека дејствувал сам, не открил ништо на полицијата и побарал адвокат откако неговите родители го советувале да не зборува.

Ова е последното во серијата престрелки во училиштата во САД кои датираат од пред неколку децении.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“