Јапонскиот вицепремиер Таро Асо, познат по тоа што нема влакна на јазикот, ги повика постарите лица во Јапонија да побрзаат со умирачката, со цел да и заштедат пари на државата, кои се трошат за нивната медицинска нега.
Оваа изјава Асо ја даде за време на состанокот на Националниот совет за реформи на системот за социјално осигурување. Пред учесниците на состанокот виепремиерот нагласи дека постарите Јапонци „претставуваат голем товар за финансиите на државата“.
Тој ги прекори оние кои се обидуваат да им го продолжат животот со скапи лекувања. Асо нагласи дека болните стари лица можат да умираат побрзо доколку посакаат. – Бог ми забранува да останам жив, ако сакам да умрам, рече Асо.
Кусо по изјавата Асо излезе со нова изјава во која нагласи дека се откажува од дел од коментарите и нагласи оти било несоодветно да прави такви забелешки на јавно место.
Асо во 2009 година ја разбранува јавноста, кога при посета на детска градинска изјави дека не децата, туку родителите треба да бидат воспитувани. Истата година Асо, кој тогаш беше премиер изјави пред група студенти дека младите не треба да стапуваат во брак, „бидејќи се премногу мизерни и не ја заслужуваат почитта на нивните идни брачни партнери“.