Ветеран од американските военовоздухопловни сили е осуден на затворска казна со времетраење од 35 години, по обвинение дека се обидел да стане член на екстремистичката група Исламска држава и да умре како маченик.
Тајрод Пуг од Њу Џерси беше осуден вчера.
Американските обвинители наведоа дека Пуг бил задржан на аеродромот во Турција во јануари 2015 години.
Во неговиот лаптоп биле пронајдени информации за граничните премини меѓу Турција и Сирија, како и 180 пропагандни видеозаписи на ИД.
Обвинителите го цитираат писмото на Пуг упатено до неговата сопруга во кое се наведува дека за него има само два можни исходи – „победа или маченик“.