Вестервеле: Германија ја поддржува Турција во спорот со Сирија

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле за време на разговорите со турскиот колега Ахмет Давутоглу во Истанбул, изјави дека Германија ја поддржува Турција во нејзината позиција кон Сирија, пренесе агенцијата Анадолија.

Министерите за надворешни работи на Германија и Турција вчера ги разгледаа инцидентите долж турско-сириската граница, последниот развој на настаните во Сирија, како и пресретнувањето на турските авиони ловци на сирискиот патнички авион во текот на оваа недела.

Вестервеле уште веднаш пред Давутоглу го изразил сочувството за загинувањето на петмината турски цивили, убиени при падот на турска територија на минофрлачката граната, истрелана од Сирија.

Германскиот шеф на дипломатијата посочил дека Турција се однесувала разумно по инцидентот.

Давутоглу, пак, посочи дека Турција без двоумење ќе одговори доколку нејзината граница со Сирија повторно биде нарушена.

Би можело да ве интересира

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено