Версајската палата повторно евакуирана по закана за бомба

Од:

Версајската палата во Париз денеска е повторно евакуирана, по шести пат во седум дена, по закана за бомба, пренесува француски Фигаро, повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Според нив, евакуирани се 5.000 туристи, а на местото се испратени кучиња трагачи.

Версајскиот дворец на социјалната мрежа Икс објави дека евакуацијата се спроведува од безбедносни причини и дека таа повторно ќе биде отворена штом ќе бидат извршени сите проверки.

Претходно беше испратен мејл до полицијата во кој се наведува дека Франција е „земја на неверниците“, пишува Фигаро.

Ќе разнесам се во Версајскиот дворец“, се заканувал засега непознатиот бомбаш во испратената порака.

Во Франција нивото на безбедност е подигнато на највисоко ниво од петокот, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Версајската палата во Париз

Замокот Версај е евакуиран по седми пат, заканите за бомби продолжуваат да доаѓаат

Франција: Версај во загуба од 45 милиони евра поради пандемијата

Жарко Настоски