Илјадници христијански верници утрово се собраа во Витлеем за да го одбележат Христовото раѓање.
Израелското Министерство за туризам, соопшти дека во родното место на Исус Христос – Вителеем, се очекуваат околу 150 илјади верници и туристи.
Празнична атмосфера владее и на Западениот Брег, каде од звучници се емитуваат божикни песни на арпаски јазик.
– Поголедот на целиот свет е свртен кон Витлеем, изјави палестинскиот министер за туризам Рула Маајех.
– Оваа година е многу помирна, подобра од минатата година, изјави Абер Наср, палестинска христијанка, која дојде на прославата во Витлеем од едно село во близина.