Верлинден: Протестите од Холандија може да се пренесат во Белгија

Од:

Белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден предупреди дека протестите против мерките за контрола на коронавирусот во Холандија може да се пренесат во Белгија и им издаде инструкции на локалните власти како да се ограничи ризикот од пренесување на инфекцијата за време на можни немири.

Откако на социјалните мрежи се појавија повици за протести против строгиот карантин и ноќниот полициски час, таа оцени дека насилните протести во Холандија најверојатно инспирирале одредени луѓе да повикаат на демонстрации против здравствените мерки.

Во писмото до белгиските градоначалници, Верлинден наведува дека тие треба да спречат какви било демонстрации што ќе се одржат без одобрување.

Таа потсети дека не треба да учествуваат повеќе од 100 лица на одобрените протести, дека мора да се почитуваат физичките растојанија, маските се задолжителни, а прошетките забранети.

Верлинден додаде дека властите можат да ја користат полицијата доколку е потребно.

Белгија е една од најзагрозените земји во Европа, а во таа земја со 11 милиони жители досега починале повеќе од 20.800 луѓе од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски