Интензивните врнежи од снег во западниот дел од Германија беа причина за верижен судар на најмалку 40 автомобили на автопат во провинцијата Хесен.
Полицијата соопшти дека во сообраќајката има десетина повредени од кои неколку се во тешка состојба.
Засега нема информации за жртви. Властите запреа движење по автопатот и во двете насоки близу Мјунценберг.