Верешчук: Киев подготвува контранапад на Херсон, луѓето да се евакуираат

Од:

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук синоќа ги повика цивилите во областа Херсон на југот на Украина, која е под контрола на Русија, итно да се евакуираат бидејќи украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.

– Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат, објави Верешчук на националната телевизија и нагласи дека не може точно да каже кога ќе се случи украинската контраофанзива.

Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат „како жив штит“.

Властите во Херсон, назначени од Русија, велат дека сакаат референдум за отцепување, но допрва треба да одредат датум, додека Кремљ вели дека иднината на регионот треба да ја решаваат неговите жители.

Украина изгуби контрола над поголемиот дел од црноморскиот регион Херсон, вклучувајќи го и истоимениот главен град, во првите недели по почетокот на руската офанзива на 24 февруари.

Извор; МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина