Вереницата на Кашоги бара да се казни саудискиот престолонаследник

Од:

Вереницата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги апелираше без одлагање да се казни саудискиот престолонаследник за убиството на новинарот.

– Тоа не само што ќе ја донесе правдата што ја баравме, туку може да спречи повторување на слични дела, рече Хатиџе Ченгиз.

Изјавата е издадена откако американската разузнавачка служба откри дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го одобрил убиството на Кашоги.

Саудиска Арабија го отфрли тој извештај, јави Би-Би-Си.

Престолонаследникот Мохамед, кој всушност е владетел на кралството, негираше каква било улога во убиството.

Кашоги беше убиен за време на посетата на саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година, а неговото тело беше распарчено.

Би можело да ве интересира

Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги

А1он

Њујорк тајмс: Саудиските оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД

Ана Ололовска

ОН потврдија дека саудиски службеник се заканил на експертка што ја водеше истрагата на Кашоги

Ана Ололовска

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, бараме истрага

Ана Ололовска

Репортери без граници го тужат саудискиот принц за убиството на Кашоги

Ана Ололовска

Во Истанбул второ обвинение за убиството на новинарот Џамал Кашоги

Жарко Настоски