Познатиот венецуелски активист, новинарот Карлос Хулио Рохас, е уапсен поради неговата наводна вмешаност во обидот за атентат врз претседателот Николас Мадуро минатиот месец, објави државниот обвинител Тарек Сааб, објавија денеска локалните медиуми.
„Карлос Хулио Рохас беше уапсен во понеделникот вечерта во центарот на Каракас бидејќи бил поврзан и директно идентификуван како поттикнувач и логистички оператор во обидот за атентат против претседателот Мадуро на 25 март“, објави државниот обвинител на својот профил X, пренесува Ројтерс.
На 25 март, властите известија за апсење на двајца мажи во близина на местото каде што претседателот Мадуро одржа говор во кој ја објави својата регистрација како кандидат за овогодинешните претседателски избори.
Апсењето на Рохас е последното во серијата притворања на активисти и опозициски политичари кои венецуелските власти ги обвинуваат дека се поврзани со заговори против владата на Мадуро.