Венеција повторно поплавена

Од:

Центарот за прогнози и предупредувања на плимата во Венеција прогласи трегова поради зголемувањето на нивото на водите во градот, откако историскиот центар и познатиот плоштад „Сан Марко“ потона под вода.

Градските власти поставија дрвени мостови за да можат туристите и локалните жители да се движат низ градот.

Според прогнозите на Центарот зголеменото ниво на водата „аква алта“ (висока вода), која во текот на денот достигна 1,10 метри над вообичаеното, се очекува на полноќ по локално време да достигне 1,40 метри над нормалата.

Појавата „аква алта“ е предизвикана од неколку фактори – плимата, поројните дождови и наодаѓањето на водата од Јадранското Море кон Венеција.

Најтешкиот случај на зголемување на нивото на водата датира од 4 ноември 1966 година, кога Венеција беше поплавена со 194 сантиметри вода, а цела Италија тогаш беше погодена од кататрофални поплави.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он