Велика Британија замрзна руски имот во вредност од над 20 милијарди долари

Од:

Британската влада денеска објави дека замрзнала средства во вредност од повеќе од 18 милијарди фунти (20,5 милијарди долари) што ги поседуваат руски олигарси, други поединци и компании санкционирани поради инвазијата на Москва врз Украина.

Русија ги престигна Либија и Иран и стана најсанкционирана земја од Велика Британија, објави Канцеларијата за спроведување на финансиските санкции (ОФСИ), дел од Министерството за финансии, во својот годишен извештај.

Замрзнатите руски средства се за 6 милијарди фунти повеќе од сумата што се брои во сите други санкции од Велика Британија.

Рускиот милијардер Роман Абрамович и бизнисменот Михаил Фридман се меѓу санкционираните оваа година, заедно со претседателот Владимир Путин, неговото семејство и воените команданти.

Замрзнатите средства се комбинација од сопственички акции во компании и готовина што се чува на банкарски сметки.

Владата санкционираше 95 отсто од рускиот извоз во Британија. Целиот увоз на руска нафта и гас ќе прекине до крајот на годината, јавија британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски