Велика Британија се заканува дека ќе ги блокира руските компании кои остваруваат профит во Лондон

Од:

Велика Британија денеска се закани дека ќе блокира руски компании да користат профит остварен во Лондон и дека ќе ги разоткрие имотите и сопственоста на компаниите доколку Русија ја нападне Украина. Властите во Лондон нагласија дека Западот мора да остане обединет за цената на Москва за секој конфликт.

Русија распореди војници и воена опрема на украинската граница, привлекувајќи предупредувања од Британија, САД, Европската унија и другите сојузници за драстични економски санкции во моментот кога ќе се случи каква било инвазија.

Минатата недела Британија воведе ново законодавство што и овозможува да воведе пошироки санкции отколку што претходно можеше за руски поединци и ентитети за кои е утврдено дека се вклучени во дестабилизацијата на Украина или во поддршката на руската влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи