Велика Британија понуди да обучи десетици илјади украински војници

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во посета на Киев, и понуди на Украина помош за обука на вооружените сили на земјата на територијата на европските земји.

Тој предложи да се спроведе голема операција за обука на украинските сили, која за 120 дена ќе овозможи обука на 10.000 војници.

Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10.000 украински војници.

Џонсон во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Британскиот премиер објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во Киев“.

Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина