Велика Британија не исклучува варијанта со ограничена интервенција во Сирија изјави синоќа за Би-Би-Си началникот на ГШ на британските вооружени сили генерал Дејвид Ричардс.
– Тоа е варијанта која ние би требало да ја имаме предвид, нагласи генералот.
Тој истакна дека хуманитарната ситуација во Сирија се влошува непрекинато и „тоа може да биде причина за ограничена интервенција“.
Ричардс смета дека мали воени групи може да бидат испратени во Сирија оваа зима.
– Непрекинато работиме врз можни решенија за тој проблем, истакна генералот.
Генерал Ричардс нагласи дека меѓународната заедница и политичките лидери треба да донесат решение какви да бидат следните акции пред воените сили да преземат ангажман. Тој додаде дека фокусот на вниманието треба да биде насочен врз ограничување на кризата за да не се дозволи таа да се прошири во други држави од регионот.