Велика Британија ќе им помогне на Бритаците погодени од колапсот на Кипар

Од:

Британската влада ќе им помогне на Британците кои живеат и работат на Кипар, погодени со најновите мерки на кипарската Влада за стабилизција, по колапсот на домашните банки и економијата.

Во интервју за Би-Би-Си, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн рече дека со помошта на Владата во Лондон ќе бидат опфатени сите британски војници и офицери стационирани на Кипар, како и Британците кои постојано живеат на овој поделен, медитерански остров.

Ваквото решени на Велика Британијаладата на премиерот Дејвид Камерон доаѓа по одлуката на кипарската влада да наметне екстра банкарски даноци, како дел од договорот што Кипар го направи со ЕУ за да се спречи банкрот на државата.

Кипарската Влада одлучи да воведе данок од 6,75 отсто за сите кои имаат до 100.000 евра во тамошните банки, а од 9,9 отсто за оние со заштеда поголема од 100.000.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадес изјави дека сите владини мерки се „болни, а договорот со ЕУ тежок, но дека тоа мораше да се направи за да се спречи хаотично банкротство“.

Според британскиот министер Озборн сето тоа погаѓа многумина од бритаскиот воен состав на Кипар, како и дестина илјади други Британци, па владата во Лондон смета дека мора да им помогне во овие, за нив, тешки моменти.

Голем број Британци секој ден се во долги редови пред банките и пред банкомати, за да ги повлечат своите пари.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот