Велика Британија ќе ги замрзне расходите за одбраната

Од:

Поради сложената економска ситуација Владата на Велика Британија е принудена да ги замрзне расходите за одбраната, кои нема да изнесуваат повеќе од 33 милијарди фунти до изборите во 2015 година, изјави премиерот Дејвид Камерон.

Тој наведе дека во недостиг на буџетски средства Владата е принудена да донесе тешки одлуки.

– Министерството за одбрана е дел од државата и ако се води широка програма за намалување на расходите, не може да биде заобиколена воената сфера. Со тоа се поврзани и плановите за намалување на бројот на копнени, воздухопловни и поморски сили, посочи Камерон.

Согласно плановите за намалување на бројот на копнените сили до 82.000 војници ќе го ограничи учеството на британските сили во мисиите во странство.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот