Велика Британија се подготвува за рестрикции: Можни прекини на струја во јануари и февруари

Од:

Британскиот оператор за електрична енергија и гас, National Grid, им порача на домаќинствата да се подготват за можни прекини на електричната енергија во јануари и февруари, работните денови помеѓу 16 и 19 часот, доколку се прекине увозот на гас.

Шефот на Националната мрежа Џон Петигру рече дека тогаш ќе треба да се воведат прекини ако генераторите на струја немаат доволно гас за да ја задоволат побарувачката.

Националната мрежа претходно ја информираше земјата дека шансите за недостиг на гас во зима се зголемени и дека во некои области може да се наметнат планирани тричасовни прекини.

Како што се наведува, тоа е првпат по предупредувањето експлицитно да се разговара за времето на прекин на електричната енергија.

Поради руската војна во Украина и санкциите за увоз на руски гас, многу европски земји се соочуваат со недостиг на гас. Големи количества електрична енергија се произведуваат од гас, што врши притисок врз националната понуда на електрична енергија бидејќи побарувачката расте во студени временски услови.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски