„Ведомости“: Русија ја кочи испораката на С-300 за Сирија, но Дамаск тешко дека ќе бара враќање на авансот

Од:

Русија произведе дел од ракетните системи С-300 наменети за Сирија, но испораката, договорена за пролетта 2013 година е одложена за 2014 година.

Сепак, Москва веќе има добиено аванс од неколку стотици милиони долари од Сирија, пишува весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори од руската одбранбена индустрија.

Изворите се повикуваат на годишни извештаи доставени од претпријатијата за производство на оружје. Весникот, наведува дека не успеал да добие коментар од компаниите. Вјачеслав Давиденко од државната трговска компанија „Рособоронекспорт“ изјавил дека воено-техничката соработка со Сирија не крши никакви меѓународни норми.

Договорот, според кој Русија требаше да достави на Сирија четири ракетни системи С-300 ПМУ02 за една милијарда долари, беше потпишан во 2011 година.

Во јуни рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва се уште не го доставила оружјето на Сирија, со цел да не го нарушти балансот на силите.

Сирискиот вицепремиер Кадри Џамил изјави, за време на посета на Москва во јули, дека сите договори меѓу Русија и Сирија за испорака на ракетни комплекси остануваат во сила.

– Испораката е запрена, бидејќи С-300 се бескорисни во воените дејствија против бунтовниците, коментира за „Ведомости“ рускиот воен експерт Руслан Пухов.

Сирија нема да го постави прашањето за можна побрза испорака на противракетните системи или за враќање на авансот, бидејќи Русија е главниот надворешен политички партнер на земјата и таа повеќе ја цени поддршката од Москва, забележува извор за весникот „Ведомости“, близок до управата на „Рособоронекспорт“.

Би можело да ве интересира

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Во руските напади врз Украина во изминатите 24 часа беа повредени 15 лица