Вечерва референдум за независноста на Нова Каледонија од Франција

Од:

Гласањето на референдум за независност на француската прекуморска територија во Тихиот Океан, Нова Каледонија започнува во 22 часот по средноевропско време.

Правото на глас има 174.000 лица, а гласањето ќе трае десет часа.

На граѓаните на Нова Каледонија ќе им биде поставено прашањето дали сакаат Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна, а набљудувачите сметаат дека гласачите најверојатно ќе изберат да останат со Франција.

Територијата ужива високо ниво на автономија, но од Франција добива 1,3 милијарди евра годишно преку субвенции за одбрана, полиција, надворешни работи, судство и образование. Многумина стравуваат дека независноста ќе ја наруши економијата на Нова Каледонија.

Референдумот е резултат на процес кој започна пред три децении, со цел да се стави крај на насилството меѓу поддржувачите и противниците на независноста од Франција.

Во судирите меѓу двете струи, животот го загубија повеќе од 70 лица, а тоа во 1988 година доведе до договор меѓу домородните Канаци кои се залагаат за независност и европските новодојдени лица кои се поблиску до идејата да се биде во Франција.

Ако исходот од референдумот е негативен, Нова Каледонија ќе има уште две прилики да се изјасни за својот статус до 2022 година.

На архипелагот живеат околу 270.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски