Важно е „големите“ во светот да се согласуваат, вели генералниот секретар на ООН

Од:

Состанокот на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Русија, САД, Франција, Велика Британија и Кина) може да помогне во регулирањето на односите меѓу водечките сили, кои од неодамна се прекинати, вели генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во интервју за Тасс.

-Мислам дека односите меѓу водечките светски сили беа несоодветни. Многу е важно овие односи да функционираат добро, бидејќи сите ќе имаат корист од тоа, рече Гутереш.

Генералниот секретар, истовремено, истакна дека „поделбата меѓу суперсилите ги врти центрифугалните сили, што доведува до поткопување на мирот во различни региони“.

Претходно, постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небезња ,во интервју за Тасс, кажа дека Москва го потврдила предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за одржување состанок на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и дека се очекува новата администрација на САД да одговори на предлогот.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Горан Наумовски

Гутереш ги повика Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Газа

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

A1on