Весникот Osservatore Romano упати критики за францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, бидејќи на насловната страница го прикажува Господ како убиец со автоматска пушка, оценувајќи дека таквата насловна страница е „за жалење“ и покажува непочитување кон вистинските верници од сите вери.
Новиот број на сатиричниот неделник познат по контроверзните карикатури, особено со религиозни теми, со кој се одбележува годишнината од нападот на исламистите во редакцијата на Charlie Hebdo во Париз токму поради објавување на карикатури на пророкот Мухамед во кој беа убиени 12 луѓе. Карикатурата на најновата насловна страница го прикажува гневниот Господ со окрвавени раце и автомат на грбот.
„Една година подоцна, убиецот сé уште е во бегство“, е текстот преку насловната страница.