Вашингтон призна дека НСА незаконски пресретнувала електронска кореспонденција

Од:

Два месеца откако Едвард Сноуден обелодени дека Агенцијата за национална безбедност (НСА) прислушувала граѓани, администрацијата на Барак Обама призна дека меѓу 2008 и 2011 година, НСА го нарушила законот, пресретнувајќи електронска кореспонденција на американски државјани, кои немале врска со тероризмот.

Владата на САД вчера откри вчера документи од кои е симната ознаката за тајност меѓу кои решение на суд на 85 страници од октомври 2011, со кое на НСА и се наредува да ја прекине програмата за следење на Интернет комуникациите.

– НСА собрала многу големо количество кореспонденција, заштитена од четвртата измена во Уставот, вели во решението судијата Џон Беитс од Судот за следење на странските разузнавања, имајќи ја предвид измената која ги заштитува Американците од неосновано претресување и следење.

Програмата за следење меѓу 2008 и 2011 собрала не помалку од 56.000 и-мејлови на американски граѓани и покрај тоа што според американски закони потребни се одделни налози за надзор на Американци или странци кои живеат во САД.

– Собирањето на информациите е последица на технички проблем, а не пречекорување на надлежностите од страна на НСА, објасни вчера претставник на разузнавањето, кој побарал анонимност.

Според изворите и согласно судскиот документ, објавен од Владата, НСА решила да го „прочисти“ материјалот, откако утврдила дека тој е собран како последица на грешка.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран