„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Од:

Доналд Трамп се уште не станал претседател на САД, но неговата нејасна и неизвесна политика кон Украина веќе вроди со плод, пишува „Вашингтон пост“.

Додека неговите сојузници со месеци ја блокираа помошта за Украина во Конгресот, поранешниот претседател продолжува да дава заобиколни и нејасни одговори на најважните прашања за поддршката на Киев и завршувањето на војната, што ги загрижува Украина и Европа.

Републиканскиот кандидат зборуваше само во општи зборови за тоа што би направил во врска со украинскиот конфликт, велејќи дека може да постигне договор за завршување на војната „за еден ден“.

Трамп се уште не одговори на клучните прашања, како на пример дали Русија ќе може да ги задржи припоените територии.

Сепак, републиканецот зазеде поспецифичен став за американската помош за Украина, што тој го нарекува „бесконечен проток на американско богатство“ во Киев. Минатиот месец Трамп претстави нова визија за помош: тоа треба да биде заем.

Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој лично се сретна со Трамп на 8 март, го опиша планот за помош поинаку: „Тој (Трамп) нема да даде ниту долар на војната меѓу Украина и Русија, така што оваа војна ќе заврши“.

„Мировниот план“ на Трамп за ставање крај на војната „може да предизвика дополнително крвопролевање“, оценува „Вашингтон пост“.

Доколку, како шеф на Белата куќа, сепак престане да го поддржува Киев, европските партнери ќе мора „да го преземат овој товар на себе“. Сепак, имајќи предвид дека Европа веќе се мачи да одвои оружје и пари, единствената опција ќе биде испраќање војници на територијата на Украина – а тоа ќе значи директен конфликт со Русија.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски