Вашингтон одобри продажба на Финска на противвоздушни ракети „Стингер“

Од:

Американската влада соопшти дека одобрила продажба на преносни ракети „Стингер“ во вредност од 380 милиони долари на Финска.

Финската влада сака да купи 350 ракети „Стингер“. Таа продажба на чувствителната опрема прво треба да биде одобрена од американската влада, соопшти Агенцијата за одбранбена соработка.

Доколку се одобри, продажбата „ќе ги подобри одбранбените способности на Финска“, се вели во соопштението. „Ова клучно вооружување ќе ги зголеми капацитетите на копнената и воздушната одбрана на источното крило на Европа и ќе ги поддржи приоритетите на европската команда на американската армија“.

Во понеделникот Вашингтон веќе одобри продажба на повеќе од 80 прецизни ракети на Хелсинки за вкупно 323 милиони долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“