Американското Министерство за правда почна преговори со мексиканските власти за екстрадирање во САД на мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман – Ел Чапо.
Екстрадицијата била разгледувана вчера на средба во Мајами меѓу главниот мексикански обвинител и претставници од Министерството за правда на САД.
Средбата се одржала откако во минатиот петок главниот обвинител на САД, Лорета Линч го поздрави апсењето на Гусман. Разговорите во Мајами се прва средба меѓу американски и мексикански претставници за тоа прашање. И двете страни претходно наведоа дека екстрадирањето на Гусман може да биде за околу една година.