Вашингтон близу до носење одлука за скратување на дел од помошта за Египет

Од:

Американската Влада вчера беше близу до донесување одлука за скратување на дел од годишната помош за арапската земја, која изнесува 1,5 милијарди долари.

Носењето на одлуката следува откако војската на Египет насилно ги отстрани камповите на демонстрантите-приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси.

Во Белата куќа се одржа седница на Советот за национална безбедност, на која се очекуваше да се разгледа намалувањето на воената и невоената помош за Египет.

Пред почетокот на средбата портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека спротивно на информациите во медиумите, САД се уште не донеле одлука за прекин на помошта заради крвопролевањата во Египет.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран