Во Варшава е прекинато судењето на поранешниот комунистички функционер Чеслав Кушчак, кој во 1981 година го прекина протестот на рударите, бидејќи судијата доби удар со торта.
Кишчак како некогашен министер за внатрешни работи во поранешниот тоталитарен режим е обвинет поради тоа што во 1981 година издал наредба со која што на полицијата и одобрил да употреби сила и огнено оружје за да го задуши протестот на рударите.
На денешното рочиште судот требало да го слушне извештајот на лекарот за здравствената состојба на осумдесет и осумгодишниот Кишчак, кој поради нарушеното здравје не присуствуваше на петте последни рочишта.
Некогашните активисти на опозицијата од комунизмот кои присуствувале на парницата, ги разгневила одлуката на судијата Ана Вјелоглевска, јавноста да биде исклучена.
-Како тоа никој не е во состојба да го казни комунистичкиот злосторник? Ова е предавство на националните интереси на Полска – се реакции на присутните по одлуката насудијата.
Инцидентот се случил кога Вјелоглевска тргнала да излезе од судницата, додека обезбедувањето да ги отстрани присутните, некогашниот активист Адам Сломка фрлил торта и ја погодил во главата.
На Сломка му следи парична или затворска казна во зависност од тоа како обвинителството ќе го процени инцидентот со тортата, кој е забележен од видео камерите на полските телевизии.
Елена Георгиевска