Ванг за Северна Кореја: Употребата на сила води кон поголеми катастрофи

Од:

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска во Советот за безбедност на Обединети нации ја повика Северна Кореја да ги прекине своите нуклеарни и ракетни активности и ги предупреди сите страни дека „употребата на сила не ги решава разликите и дека само ќе води кон поголеми катастрофи“.

Ванг истот така апелираше и до САД и до Јужна Кореја да се воздржат од воени вежби.

Иако Вашингтон инсистира дека е неопходно Кина да го зголеми притисокот врз Северна Кореја, Ванг оценува дека клучот за решавање на нуклеарниот проблем на Корејскиот Полуостров не е во рацете на Кина. Тој укажа на неопходност од дијалог и компромис од двете страни.

Ванг оцени дека распоредувањето на антиракетниот систем на САД во Јужна Кореја „сериозно ја поткопува“ кинеската стратешка безбедност и ја загрозува довербата меѓу страните за Северна Кореја.

Тој го повтори кинескиот предлог до Пјонгјанг да ги стопира своите нуклеарни и ракетни програми во замена за прекинување на воените вежби на САД и Јужна Кореја. Но, таквиот предлог претходно беше отфрлен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета