Само по три месеци од почетокот на имунизацијата против коронавирусот во САД секој четврит жител има примено барем една доза од вакцината. Вчера бројката на дадени вакцини во земјата надмина 100 милијони.
Во САД се одобрени три вакцини, Фајзер/Бионтек, Модерна и Џонсон и Џонсон. До сега вкупно 101 128 005 лица ја примиле првата доза и тоа околу 30 порценти од вакцините дадени во целиот свет. Дневно во САД се даваат повеќе од два милиони дози.
Меѓу најранливите категории, лицата повозрасни од 65 години, 61.1 процент примиле прва доза, а 32,4 посто ги примиле двете дози. Децата не примаат вакцина.
Првата вакцина во САД на 14. декември ја прими медицинска сестра од Њујорк. Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс во САД до сега има околу 30 милиони заразени луѓе, починаа повеќе од 530 илјади.