Вакцинација на 70 отсто од возрасната популација во САД до 4 јули

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека негов нов приоритет е 70 проценти од возрасната популација во САД да примат барем една доза од вакцината против коронавирус до 4 јули, кога САД го слават Денот на независноста.

Во исто време, Бајден ги повика младите на возраст од 20-30 години да се вакцинираат.

– Ќе гарантираме дека вакцинацијата е полесна од кога и да е. За два месеца од денеска, семејствата низ целата земја ќе го прослават 4 јули. Нашата цел е на тој датум 70 проценти од возрасните Американци да примат барем една доза вакцина и најмалку 160 милиони да бидат ревакцинирани, нагласи Бајден синоќа, обраќајќи сe на јавноста од Белата куќа

За да се исполни таа цел, Бајден нареди десетици илјади аптеки кои учествуваат во федералната програма да обезбедат вакцинација без закажување, додека ресурсите од Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) ќе бидат пренасочени за поддршка на привремени и мобилни клиники и помали општински локации за вакцинација.

Бајден постави нова цел во време кога неговата администрација се соочува со зголемени, но очекувани, предизвици за имунизација на луѓе кои не сакаат да примат вакцина против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид